Serdar Dincel
04 Март 2026•Ажурирај: 05 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денес го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека ги „предал дипломатијата“ и американските гласачи во екот на тековните американско-израелски напади врз Иран, јавува Анадолу.
„Кога сложените нуклеарни преговори се третираат како трансакција со недвижности и кога големи лаги ја замаглуваат реалноста, нереалните очекувања никогаш не може да се исполнат“, напиша Арагчи на социјалната мрежа Х, со седиште во САД.
Според него, последицата од таквиот пристап била „бомбардирање на преговарачката маса од инает“.
„Господинот Трамп ги предаде дипломатијата и Американците кои го избраа“, додаде иранскиот министер.
Регионалните тензии ескалираа во саботата кога САД и Израел започнаа голем напад врз Иран. Според ирански извори, во нападите се убиени речиси 800 лица, меѓу кои и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.
Како одговор на тоа, Техеран изврши одмазднички напади со беспилотни летала и ракети врз цели во Израел, како и врз земји од Заливот во кои се наоѓаат американски бази.