Emre Gürkan Abay
25 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Руската Централна изборна комисија му забрани на рускиот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, да се кандидира за местото претседател на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Комисијата наведе дека Навални не може да биде кандидат на изборите поради тоа што е осуден за измама.
Централната изборна комисија и пред оваа одлука соопшти дека Навални не може да се кандидира бидејќи е осуден на условна казна затвор.
Сепак, Навални би можел да се кандидира на изборите во март 2018 година само ако добие посебна дозвола или ако сегашната пресуда се поништи.
Навални претходно изјави дека собрал доволно номинации за да биде противкандидат на Владимир Путин на претстојните претседателски избори.
Неговите приврзаници собрале по 500 потписи во 20 руски градови, што претставува услов за кандидатура.
Навални претходно изјавуваше дека пресудата против него е политички мотивирана.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде еден од кандидатите на претседателските избори во земјата.