Sibel Uğurlu
26 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
КУДС (АА) - Парламентот на Израел (Кнесет) ќе гласа за предогот за воведување на смртна казна за Палестинците вмешани во операциите насочени против Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, за израелската телевизија изјави дека Кнесетот веќе утре би требало да гласа за предлогот кој за цел има унапредување на законските рамки на борбата против Палестинците кои ги напаѓаат израелските војници и цивили.
„И САД има слични одредби и сосема е соодветно Израел да следи еден толку моќен демократски систем“, изјави Лиебрман.
Истакнувајќи дека осудените Палестинци често се користат за размена на затворениците, Либерман изјави дека терористичките организации кои ги киднапираат израелските војници и цивили така им користат на осудените терористи.
Предлог законот за воведување смртна казна во Израел треба да помине три рунди на гласање во Кнесетот.
Израел моментално нема смртна казна, но казнениот закон овозможува изрекување на повеќе стотици години затворски казни за сторителите на тешки кривични дела.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во текот на годинава изјави дека време е Израел да воведе смртна казна за Палестинците кои ја напаѓаат таа земја.