Qais Omar Darwesh Omar
28 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
ГАЗА (АА) - Есам ал Далис, шеф на владината администрација во Појасот Газа, отпатува во Каиро за да разговара со египетските челници за низа прашања, вклучувајќи ја и обновата на блокираната палестинска енклава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Канцеларијата на Ал Далис се наведува дека прашањето за обнова на Газа е во фокусот на неговата посета на Египет, но дека ќе се преговара и за зајакнувањето на трговијата и работата на граничниот премин Рафа, единствениот премин помеѓу Египет и Појасот Газа.
Ал Далис е шеф на владината администрација во Појасот Газа, а именуван е од палестинското движење Хамас, кое управува со регионот од 2007 година.
Египет и Катар го предводат процесот за обнова на Газа, која во голема мера е девастирана за време на израелските напади.