Davit Kachkachishvili
28 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Најмалку 30.000 руски војници загинале досега во војната во Украина, соопшти денес украинскиот Генералштаб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Околу 250 руски војници, според украинскиот Генералштаб, загинале во изминатите 24 часа.
Се наведува дека украинските сили од почетокот на војната уништиле 207 руски авиони, 174 хеликоптери, 1.330 тенкови, 3.258 оклопни возила, 628 парчиња артилериска опрема, 203 ракетни лансери и 93 системи за противвоздушна одбрана.
„Русија изгуби и 2.226 возила, 13 бродови и лесни чамци и 503 беспилотни летала, како и 116 крстаречки ракети“, се додава во соопштението.
Бројките објавени од страна на Русија за загинатите руски војници се далеку пониски од украинските бројки.
Според проценките на Обединетите нации, од почетокот на војната во Украина на 24 февруари животот го изгубиле најмалку 4.301 цивил, а 4.735 се повредени. Се смета дека вистинските бројки се значително поголеми.
Над 6,6 милиони луѓе пребегале во други земји, додека над 7,7 милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН. Тоа претставува приближно една третина од украинското население пред војната од 43 милиони жители.