Sarp Özer
28 Мај 2022•Ажурирај: 30 Мај 2022
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, денес во главниот град Баку го прими турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Алиев го пречека Акар во Претседателската палата пред пристигнувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Азербејџан во текот на денешниот ден.
Акар беше придружуван од неколку високи турски команданти, меѓу кои началникот на турскиот Генералштаб, генерал Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили, генералот Муса Авсевер, командантот на Поморските сили, Аднан Озбал, и командантот на Воздухопловните сили, генералот Хасан Кучукакјуз.

Акар упати честитки по повод Денот на независноста на Азербејџан и го информираше Алиев за случувањата и тековната работа на соработката во военото образование меѓу Турција и Азербејџан и соработката во одбранбената индустрија.
Алиев, од своја страна, истакна: „Големо задоволство е што сум заедно со вас на Денот на независноста.“
На средбата присуствуваа и азербејџанскиот министер за одбрана, Закир Хасанов, и амбасадорот на Турција во Баку, Кахит Багџи.
Ердоган треба да замине во Азербејџан денес, на покана на Алиев по повод Денот на Републиката.
Блиските односи помеѓу Турција и соседен Азербејџан се сумирани во фразата „Еден народ, две држави“.
Ердоган по пристигнувањето во Азербејџан ќе присуствува и на првото издание во странство на големиот турски авијациски, вселенски и технолошки фестивал Технофест. Подоцна тој ќе оствари средба со Алиев.