Hacer Başer
28 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
РАМАЛА (АА) - Израелските сили вчера застрелале палестински тинејџер на окупираниот Западен Брег, објави новинската агенција Вафа, повикувајќи се на палестинското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството наведува дека 15-годишниот Заид Мухамад Гунеим бил застрелан во грбот и вратот во селото Ал-Кадер, во близина на градот Витлеем. Тој итно бил пренесен во болница во критична состојба, но им подлегнал на повредите.
Палестинскиот премиер Мухамад Иштије и Министерството за надворешни работи го осудија убиството.