Zeynep Hilal Karyağdı Duran
28 Мај 2022•Ажурирај: 30 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција не може да остане рамнодушна на развојот на настаните во Сирија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервју за РТ на арапски јазик Лавров истакна дека руското присуство во Сирија е во согласност со резолуцијата 2544 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) и е на покана на сирискиот режим.
„Ќе продолжиме да му помагаме на Дамаск да ја поврати целата своја територија“, додаде рускиот министер.
Тој рече дека во Сирија има и непоканети трупи.
„Американските војници се присутни на значителен дел од сириската територија на источниот брег на реката Еуфрат“, изјави Лавров и додаде дека нивната цел е да создадат „т.н. држава“.
Тој потврди дека Москва е во контакт со Курдите во Сирија, како и со секоја друга група во земјата, и ги повика да го задржат дијалогот со Дамаск.
„Најдоброто решение би бил договор кој би обезбедил соживот на сите страни во една обединета држава“, рече Лавров.