Mustafa Çalkaya
28 Мај 2022•Ажурирај: 30 Мај 2022
БАКУ (АА) - Турција и Азербејџан се подготвени да потпишат неколку договори кои ќе ги опфатат областите на вселената, технологијата и индустријата, сооопшти турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк, јавува Агенција Анадолија (АА).
Варанк говореше за АА на маргините на Текнофест Азербејџан, првото издание во странство на водечкиот турски фестивал за воздухопловство, вселена и технологија, што моментално се одржува во Баку.
Министерот рече дека двете земји ќе потпишат различни договори, вклучително и еден меѓу Турската вселенска агенција и Азербејџанската вселенска агенција, што ќе им овозможи на двете земји да соработуваат заедно, особено во полето на сателитите.
„Двете земји, кои имаат длабоки економски врски, имаат за цел и заемно да основаат технопарк“, рече Варанк на настанот што првпат се одржа во 2018 година.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, се очекува да пристигне во Баку денес и да го посети фестивалот заедно со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев.