свет

Пакистанскиот премиер Шариф: „Благодарност до Туркије за напорите за намалување на тензиите во Јужна Азија“

- Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, во телефонски разговор му изрази благодарност на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, за поддршката што Туркије му ја дава на Пакистан

Yasin Yorgancı  | 08.05.2025 - Обновена : 08.05.2025
Пакистанскиот премиер Шариф: „Благодарност до Туркије за напорите за намалување на тензиите во Јужна Азија“

АНКАРА (АА) - Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, во телефонски разговор му изрази благодарност на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, за поддршката што Туркије му ја дава на Пакистан, известува Анадолу.

Премиерот Шериф на својот профил на социјалната мрежа X објави пост во врска со неговиот телефонски разговор со турскиот претседател Ердоган.

Изразувајќи благодарност за поддршката на Туркије за Пакистан, Шариф истакна дека ги цени турските граѓани што се молат за Пакистанците кои ги загубија животите во судирите.

Наведувајќи дека го информирал претседателот Ердоган за најновата воена ситуација на терен, Шариф во објавата напиша:

„Пакистан ѝ е благодарен на Туркије за напорите за намалување на тензиите и одржување на мирот во Јужна Азија.“

Според соопштение што вчера го објави Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, во телефонскиот разговор меѓу Шариф и претседателот Ердоган биле разгледани тензиите меѓу Индија и Пакистан, нападот во ноќта на 6 мај и актуелните случувања.

Наведувајќи дека Туркије ја поддржува смирената и умерена политика на Пакистан во овој процес и дека предлогот за спроведување непристрасна, транспарентна и веродостојна меѓународна истрага за терористичкиот напад во Џаму и Кашмир е соодветен, претседателот Ердоган рекол дека Туркије е подготвена да направи сè што е во нејзина моќ за да спречи ескалација на тензиите и продолжување на дипломатските контакти за ова прашање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.