Oktaj Omeragikj
08 Мај 2025•Ажурирај: 10 Мај 2025
ПАРИЗ (АА) - Ерупција од емоции на прославата на Шанзелизе во Париз синоќа откако Париз Сен Жермен со победата над Арсенал обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА, известува Анадолу.
Илјадници навивачи ја исполнија култната авенија, палејќи факели, мавтајќи со знамиња, скандирајќи и прославувајќи ја победата.
Сепак, подоцна стана тензично по интервенцијата на полицијата, со цел да ја растера толпата поради информациите за предизвикани материјални штети и помали судири.
Безбедносните сили беа распоредени во голем број за да ги одржат редот и мирот, но сепак дојде до мали конфронтации меѓу навивачите и полицајците.