Muhammet Nazım Taşcı
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
МУЗАФЕРБАД
Пакистанската војска соопшти дека срушен е беспилотно летало на Индија кое прекршувајќи ја Контролната линија (LoC) меѓу двете земји влезе во пакистанската страна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на пакистанската војска, Бабар Ифтикар, во објава на социјалната мрежа Твитер напиша дека индиското беспилотно летало ја прекршувало контролната линија и 850 метри влегло во пакистанската страна.
Ифтикхар нагласи дека ова бесплилотно летало на Индија било срушено од страна на пакистанската војска.
Со ова, според портпаролот на пакистанската војска, пакистанските сили оваа година срушиле 9 индиски беспилотни летала.