Mustafa M. M. Haboush,Gülşen Topçu
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Премиерот на Либија, Фајиз ес-Сараџ, упати апел до Меѓународниот кривичен суд (МКС) за итно испраќање тим за истражување на кривичните дела извршени од страна на милициите на водачот на нелегитимните вооружени сили од источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Мухамед ел Каблави, портпарол на Министерството за надврешни работи на Либија.
Сараџ вети дека ќе ја даде потребната поддршка за тимот што ќе биде испратен.
Според Сараџ, неказнувањето на извршените дела ги поттикнува милициите на Хафтар да извршат кривични дела без преседан, дела како геноцидите во Руанда и Босна и Херцеговина, и кривичните дела на нацистите.
Либискиот премиер нагласи дека ги смета за воено злосторство и злосторство против човештвото кривичните дела на милициите на Хафтар, како извршувањето напади врз цивилите, цивилните аеродроми и засолништата каде што се засолнети цивилите, како и киднапирањето на пратеникот Сихам Сергива од неговиот дом во Бенгази.
Инаку, пратеникот Сергива од минатиот јули досега е држен на непознато место од страна на милициите на Хафтар.
Главната обвинителка на Меѓунаодниот кривичен суд, Фату Бенсуда, на 22 јуни истакна дека масовните гробници пронајдени во Либија може да се сметаат како доказ за воено злосторство и злосторство против човештвото.
Според писменото соопштение на Мисијата на ОН за поддршка на Либија (UNSMIL), формирана е Меѓународна истражна комисија за Либија при Советот за човекови права на ОН, со цел истражување на случувањата во Либија.