Büşra Selvi Öğütcen,Muhammed Emin Canik
29 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 552 лицa, во Мексико 267 лица, додека во Индија 380 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, од Ковид-19 со починатите 552 лицa вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 57.622 лицa.
Во земјата се откриени уште 30.476 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.344.143.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 267 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 26.648.
Во Мексико се откриени уште 4.050 нови случаи, додека вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 216.852.
- Индија -
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 380 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 16.475.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 19.459 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 548.318.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 321.774 лица.