Muhammet Nazım Taşcı
17 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
ИСЛАМАБАД
Министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Курејши, упати апел до меѓународната заедница за итна интервенција и за преземање соодветни акти со цел да се стави крај на израелската суровост врз Палестинците без заштита, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Курејши имаше свое обраќање на вонредниот состанок од Извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка, организиран по иницијатива на Турција на ниво на министри за надворешни работи.
Според него, Пакистан е застрашен од неправдата и малтретирањето извршени врз незаштитениот палестински народ од страна на, како што рече, израелските окупаторски сили.
Тој нагласи дека страшно е влошена состојбата во окупираните територии на Палестина поради нелегалните акти, колонијалните политики, агресијата, опсадата и колективните казнувања на Израел.
„Не постојат моќни зборови со кои може да се осудат систематските и варварските злосторства против Палестинците“, додаде тој.
Курејши истакна дека не може да се оправдуваат или да се негираат последните агресии на Израел, и дека ја повторуваат нивната решителна солидарност со палестинскиот народ и палестинската Влада.
Тој рече дека ја ценат храброста на палестинскиот народ против израелската суровост, и дека силно ги осудуваат нападите врз невините верници кои се клањаа во џамијата „Ал Акса“, како и дека ги осудуваат израелските бомбардирања што продолжуваат врз Газа.
Според него, длабоко се загрижени поради проширувањето на населените места, што го врши Израел во окупираните територии, како и поради отстранувањето на Палестинците од нивните имоти.
Како што рече тој, присилното иселување на Палестинците од населбата Шејх Џерах во окупираниот Источен Кудс е нелегално, неморално и неприфатливо.
Курејши истакна дека меѓународната заедница треба да ги заштити Палестинците од овие прекршувања.
Шефот на пакистанската дипломатија упати апел до светот за итна интервенција и за преземање соодветни акти со цел да се стави крај на израелската суровост врз Палестинците без заштита.
Тој нагласи дека веднаш треба да запрат бомбардирањата во Газа и дека израелските злосторства против човештвото не треба да останат неказнети.
Укажувајќи на рушењето на зградата, што беше срушена во воздушниот напад на Израел, а во која се наоѓале и канцелариите на меѓународните медиуми, Курејши рече дека не се прифатливи иницијативите на Израел за да ги замолчи медиумите.