Zehra Ulucak
12 Април 2019•Ажурирај: 13 Април 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 16 лица загинаа, а 30 лица се повредени во експлозијата што се случи на пазар во градот Кета во Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите во пакистанските медиуми, полицискиот службеник Абдур Разак Џема истакнал дека изутрина се случила експлозија на пазар во подрачјето на Хазар Гунџи.
Џема нагласи дека во експлозијата животот го загубиле 16 лица, а 30 лица се повредени.
Според него, експлозијата била предизвикана од рачно изработена бомба која била поставена меѓу зеленчукот на пазарот, а цел на нападот била шиитската заедница Хазара.
Џема рече дека дел од повредените што се на лекување, се во тешка состојба.
Се вели дека повеќето од жртвите и повредените биле пазарџии.
Безбедносните сили поставија безбедносен кордон во местото каде што се случи експлозијата, а во тек е истрага во врска со случајот.
Премиерот на Пакистан, Имран Кан, го осуди нападот и упати сочувство поради загинатите во нападот.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.