Muhammet İkbal Arslan
12 Април 2019•Ажурирај: 13 Април 2019
ЛИСАБОН (АА) - Претставниците на Anadolu Agency (AA) учествуваа на Генералното собрание за 2019 година на Меѓународната платформа за мобилна комуникација и дата-услуги за вести (MINDS International), и на 27. конференција на оваа платформа на тема „Создавање подобри новински агенции“.
Домаќин на оваа конференција што се одржа во португалскиот главен град, Лисабон, беше Новинската агенција на Португалија (LUSA), а на конференцијата беше разговарано за бројни теми како агенциското новинарство, проблемите со кои се соочува агенциското новинарство, како и новостите во оваа област.
Учесниците на конференцијата разменија информации за различни теми, како дигитално информирање, нови маркетинг-пристапи и технолошки новости.
Оваа конференција се одржува два пати годишно во земјите членки на оваа платформа, а во рамки на конференцијата се разговара за стратегиите на новинските агенции за дигитални медиуми, како и за иднината на меѓународното новинарство.
На овогодинешната конференција АА беше претставена од страна на Урал Јешил, директорот за човечки ресурси и административни работи на АА, и Јакуп Шивка, директорот за информациски и комуникациски технологии на АА.
Шивка одржа презентација за време на конференцијата во која се осврна на различностите во сателитските технологии и интернет-технологии во секторот на емитување во живо.
Шивка нагласи дека емитувањата во живо веќе се вршат преку интернет, и со тоа со создаваат нови можности и шанси.
Тој рече дека благодарение на апликацијата која АА ја разви со локална компанија, почнувајќи од 2018 година не ги користи сателитските системи сè додека не е принудена на тоа, и дека АА целото емитување го врши преку интернет.
Според него, со новиот систем АА до своите претплатници може да пренесе четири емитувања во исто време, и на претплатниците им овозможува право на избор, а претплатниците можат да избираат кое било емитување да го пренесат на телевизија.
Шивка истакна дека поради тоа што овој цел процес се врши преку интернет, во секое место каде што има интернет возможно е да се врши емитување во живо.
По конференцијата, се одржа гласање за избирање на нов Управен одбор на „MINDS International“.
Генералниот директор, а воедно и главен и одговорен уредник на Новинската агенција на Норвешка (TT), Јонас Ериксон, беше избран за нов претседател на Управниот одбор на „MINDS International“.
Нови членови на Управниот одбор станаа Моника Гарсија (директорка за реклами и маркетинг на LUSA), Пихла Лехмусјоки (член на Управниот одбор, а воедно и директор за медиумски услуги на Новинската агенција на Финска), Тони Гилис (главен и одговорен уредник на „Асошиејтед прес“ (Associated Press) на Австралија), и Марк Вестерхоф (претседател задолжен за технологии, а воедно и оперативен директор на Новинската агенција на Холандија).
Покрај тоа, на Генералното собрание за 2019 година на „MINDS International“, новинската агенција „Ројтерс“ (Reuters) едногласно беше избрана за 24. членка на „MINDS International“.
Anadolu Agency во мај 2014 година стана членка на „MINDS International“.