СКОПЈЕ (АА) – Министерката за Информатичко општество и администрација, Марта Арсовска – Томовска и амбасадорорт на Европска Унија во Македонија Аиво Орав денеска ја отворија дводневната конференција “ Отворено влладино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018” која претставува платформа која има за цел владите да бидат потранспарентни кон граѓаните, јавува Anadolu Agency (АА).
Според организаторот на оваа конференција, Македонскиот центар за меѓунарна соработка (МЦМС), Република Македонија во 2014 година го усвои вториот акциски план 2014-2016 во чие спроведување активно беа вклучени околлу 40 невладини организации (НВО), а дводневната конференција ќе биде добра можност граѓанското општество да даде насоки и препораки во градењето на новиот акционен план 2016-2018.
Министерката Арсовска – Томовска, чиј ресор е одговорен за кординација на овој процес, рече дека од 2011 година кога Македонската влада се прикллучи на оваа глобална иницијатива, земала за обврска за да гради транспарентни институции кои ќе комуницираат со граѓанското општество.
Според неа веќе се почнати подготовките за новиот аксионен план 2016 – 2018 за кој претставниците на граѓанското општество на ова конференција ќе разговараат со влладините претставници за искуствата и предизвиците од предходниот план.
“Ја усвоивме легислативата со кој се гарантира сллободен пристап до информациите, поцна спроведувањето на отворените податоци и се воспоставуваа меканизми со соглласност со искуствата на граѓаните и компаниите. Воспоставена е законска рамка која ја стандардизира електронското менаџирање со што се подобрија многу процеси кои ги подобрија административните усллуги”, истакна Арсовска – Томовска.
Амбасадорот на Европска Унија во Македонија Аиво Орав, истакна дека партнерството на релација Вллада-НВО ќе ја игра улогата на зачувување на основните права на Европската Унија кои се почитување на човековите права, слободата на изразување и владеење на правото.
“Кога владите се транспарентни и соработуваат, тие се поефикасни и поодговорни кон граѓаните. Овој инструмент претставува алатка кој овозможува подобрување на граѓанското општество и ќе му овозможи да се вклучи во креирање на политики. Фокусот треба да биде ставен во создавањето на Советот за соработка со граѓанското општество, за што ЕУ ја охрабрува владата за забрзување на овој процес”, изјави Орав.
Достигнувањата и предизвиците на отвореното партнерство ќе бидат претставени за време на следните два дена од страна на работните групи кои ќе работат на темите: Партиципирање во креирање на политики, слободата на информирање, Спречување на корупција, Ефикасното менаџирање на јавните ресурси и транспарентноста на локално ниво.
news_share_descriptionsubscription_contact
