Турски режисер подготви видеоанимација во врска со терористичкиот напад во Нов Зеланд
Видеоанимацијата е објавена со пораката „Законот за човештвото ќе победи. Треба да победи“
Furkan Abdula
12 Април 2019•Ажурирај: 13 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) – Турски режисер подготви видеоанимација во врска со терористичкиот напад извршен во две џамии во Нов Зеланд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во оваа видеоанимација подготвена од страна на Корај Демир, турски продуцент и режисер, споделена на социјалните мрежи, е прикажано оружјето на кое има напишано изрази на омраза, што беше користено од терористот во терористичкиот напад на 15 март во Крајстчрч.
Видеоанимацијата е објавена со пораката „Законот за човештвото ќе победи. Треба да победи“.
Како што вели во видеото, оваа видеоанимација е подготвена за „бесмртното сеќавање на жртвите во Крајстчрч и добрите луѓе на Нов Зеланд“.
Потсетуваме, терористот Брентон Тарант, кој изврши терористички напад во џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ на 15 март (петок), за време на петочната молитва (џума намаз) во градот Крајстчрч во Нов Зеланд, уби 50 лица, меѓу кои имаше жени и деца, а повреди 50 лица.