Sümeyye Dilara Çelik,Muhammet Nazım Taşcı
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистан ја повика меѓународната заедница да ги гони индиските цивилни и воени власти поради државен тероризам и сериозни злосторства против човештвото во регионот Џаму и Кашмир во Индија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Курејши истакна: „Од 1990 година, индиската ‘окупаторска армија‘ уби повеќе од 100 илјади граѓани на Кашмир, 22 илјади жени останаа вдовици, 108 илјади деца останаа сирачиња, а беа силувани над 11 илјади жени.“
Курејши исто така рече дека државниот тероризам во Џаму Кашмир е засилен по воената опсада на 5 август 2019 година.
Во изјавата министерот Курејши ја повика меѓународната заедница да ги гони индиските цивилни и воени власти поради државен тероризам и сериозни злосторства против човештвото во регионот Џаму и Кашмир.