Adam Abu-bashal
22 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 172 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 10.349 случаи со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.172.802.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 342 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 27.374.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (12.843 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.231) и Алжир (1.418 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 892.304 лица.