Ekipa
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
КАРАЧИ (АА) - Пакистан, Авганистан и САД вчера се согласија здружено да делуваат против терористичката група ДЕАШ преку заеднички напори во нивните соодветни области на дејствување, јавува Anadolu Agency (AA).
„Tрилатералнатa средба на високи воени функционери се одржа во штабот на армијата на Пакистан во гарнизонскиот град Равалпинди“, се вели во соопштението издадено од страна на пакистанската армија.
На состанокот, кој се смета за круцијален по самоубиствениот напад што се случи во југозападниот дел на Пакистан, за којшто одговорност презеде ДЕАШ како и ескалацијата на тензиите на границата меѓу Исламабад и Кабул, беше истакната потребата од поразување на ДЕАШ преку вложување дополнителни заеднички напори во соодветните области на дејствување".
Иако, Пакистан официјално не го признава ДЕАШ како главна закана за нејзината безбедност, по преземањето одговорност за двата големи самоубиствени напади во последните неколку месеци се уклучи алармот на безбедносните агенции.
На средбата присуствуваа директорот на главните воени операции во Авганистан (DGMO) генерал-мајор Хабиб Хесари, неговиот пакистански колега, генерал-мајор Сахир Шамшад Мирза и заменик-началникот на Генералштабот на Мисијата на САД, генерал-мајор Кристофер Хас.
Во соопштението се додава дека трилатералната средба била проследена со билатерална средба меѓу Пакистан и Авганистан на којашто станало збор за пограничните тензии меѓу двете соседни земји и изнаоѓање начини за подобрување на меѓусебната координација и соработка на двете армии.
Пакистан минатата недела го затвори југозападниот граничен премин со Авганистан, Чаман, по судирте на границата во кои загинаа повеќе од десетина луѓе, главно цивили, од двете страни.
„Двете страни се согласија да ја зголемат своите билатерални средби на различни командни и штабни канали, за да се поттикне средината на взаема почит, доверба, срдечност и соработка“, се вели во соопштението.