Mahmut Atanur
13 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
ЏАКАРТА (АА) - Фатени се 317 од 448 затвореници кои во почетокот на мај успеаја да избегат од затворот „Sialang bungkuk“ во Суматра, Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Затворениците на 5 мај ја искршиле портата во близина на џамијата во затворскиот комплекс во областа Пенканбару и побегнале. Некои затвореници доброволно се предадоа додека повеќето од затворениците беа фатени од страна на припадниците на силите за безбедност.
Сѐ уште трае потрагата по 131 затвореници. Капацитетот на затворот изнесува 561 луѓе, но во него се затворени 1.800 луѓе.