Behlül Çetinkaya
06 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Во Пакистан, повеќе од 22 милиони деца на возраст од 5 до 16 години не посетуваат училишна настава, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Сојузното министерство за образование на оваа земја, околу 44 проценти од децата во оваа земја не се запишани во образовните институции. Во Пакистан се регистрирани повеќе од 51,5 милиони деца, а наставата не ја посетуваат 22,8 милиони деца.
Министерот Јусуф Саик рече дека оваа година, бројот на деца кои не одат на училиште, во споредба со минатата година, се зголемил за 210.000.
Најголем број деца кои не се школуваат живеат во областа Белукистан, дури 70 отсто не се запишани во образовните институции. И во Исламабад, 12 проценти од децата не одат на училиште.
Во оваа земја, исто така постои проблем со инфраструктурата, така што, голем број образовни институции немаат вода за пиење, тоалети, двор и електрична енергија.