Sayed Khodaberdi Sadat
06 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
КАБУЛ (АА) - За време на операцијата која се спроведе во авганистанската покраина Чузџан, убиени се 14 милитанти на Талибан, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдул Хафиз Хаши, полициски началник во Чузџан, истакна дека безбедносните сили извршиле операција против милитантите во селото Гогелдаш, во подрачјето на Фаизабад, при што, убиени се 14 припадници на оваа организација, додека 30 милитанти се повредени.
Хаши нагласи дека двајца припадници на безбедносните сили го загубиле својот живот, додека еден од нив е повреден во судирот кој настанал за време на операцијата.
Талибанците потврдија дека во судирот загинале тројца безбедносни службеници.