Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmet Karaahmet
26 Ноември 2020•Ажурирај: 27 Ноември 2020
ИДЛИБ (AA) – БУРАК КАРАЏАОГЛУ / АХМЕТ КАРААХМЕТ-
Повикот за помош на осумгодишната Фатма, која го загуби братот и ногата во воздушните напади во Сирија, доби одговор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската хуманитарна фондација за човекови права и слободи (İHH) и Организацијата „Бејт ел Зекат“, со седиште во Кувајт, го слушнаа повикот на Фатма и започнаа со активности за остварување на нејзиниот сон.
Официјални лица од две хуманитарни организации стигнаа до Фатма и ја доведоа во Центарот за рехабилитација и протетика основан од кувајтскиот „Бејт ел Зекат“, Турската хуманитарна фондација за човекови права и слободи (İHH) и Меѓународната асоцијација на лекари (AID) во областа Сармада, Идлиб.
За Фатма, која е прегледана во овој центар, на почетокот ќе се применува програма за вежбање која ќе трае 15 дена.
По вежбите, доколку се погодни физичките услови, на Фатма ќе ѝ се стави протеза нога.
Агенција Анадолија (АА) на 22 ноември ја објави приказната за Фатма и нејзиното семејство.
- Ситуацијата во сириски Идлиб -
Турција, Русија и Иран на состанокот одржан во Астана на 4-5 мај 2017 година, создадоа четири „зони на деескалација“, во Идлиб и некои области од соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо), северниот дел на Хaмa, Источнa Гута до главниот град Дамаск и јужните региони на земјата (Дера и Кунејтра).
Сепак, режимот и терористите поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија, зазедоа три од четирите региони и се упатија кон Идлиб. Турција, во септември 2018 со Русија во Сочи се договорија за зајакнување на Договорот за прекин на огнот.
Русија и режимските сили започнаа со операциите за заземање на целиот регион во мај 2019 година и зазедоа неколку големи населби во деескалациската зона во Идлиб.
Конечно, во Москва на 5 март меѓу Турција и Русија се обезбеди нов договор.
Примирјето, кое режимските сили одвреме-навреме го прекршуваат, во голема мера се почитува.
Во периодот 2017 - 2020 година, речиси 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во областите во близина на границата со Турција, поради нападите на режимските сили.