Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Мај 2019•Ажурирај: 11 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Џеф Безос, основачот на американскиот гигант за е-трговија „Амазон“, соопшти дека планира да испрати вселенско летало на Месечината, јавува Anadolu Agency (AA).
Безос истакна дека вселенското летало има капацитет за носење на четирите ровери на компанијата за воздухопловство и вселенски истражувања „Блу ориџин“ (Blue Origin).
Безос, кој е сопственик и на весникот „Вашингтон пост“ (Washington Post), презентацијата на овој план ја изврши во компанијата „Блу ориџин“, каде што е изложена и макетата на вселенското летало што ќе биде испратено на Месечината.
„Ова неверојатно возило ќе оди на Месечината. Време е да се вратиме на Месечината и да останеме таму“, истакна тој.
Тој не даде информации за тоа кога леталото ќе биде испратено на Месечината и дали ќе има човек во него.