Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Мај 2019•Ажурирај: 11 Мај 2019
ТОКИО (АА) - Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер ја погоди Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заводот за метеорологија на Јапонија соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 степени бил во близина на градот Мијазаки, на длабочина од 23 километри.
Властите истакнаа дека нема жртви или повредени во земјотресот.
По земјотресот, не беше дадено предупредување за цунами, а се вели оти е можно да се забележат мали промени во нивото на морето.