Kasım İleri
10 Мај 2019•Ажурирај: 12 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт Департмент ја одобри продажбата на борбени хеликоптери од типот „24 AH-64E“ на Катар во вредност од 3 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Стејт Департнментот донесе одлука за одобрување на продажбата на борбени хеликоптери од типот „24 AH-64E Apache“ и опрема поврзана со нив во вредност од околу 3 милијарди долари, во рамки на можната Надворешна воена продажба за Катар“, се вели во соопштението на Агенцијата за безбедносна соработка при американското Министерство за одбрана.
Во ова соопштение се нагласува дека Агенцијата го известила Конгресот за одобрувањето на оваа продажба, и дека оваа продажба, што ќе биде дополнување за претходно купени 24 хеликоптери од типот „Апачи“, од страна на Катар, ќе даде придонес во капацитетот на оваа земја за блиска воздушна поддршка.
Според соопштението, оваа продажба нема да влијае врз воениот биланс во регионот.
Со цел да започнат преговорите за продажба, Конгресот во рок од 30 дена не треба да поднесе ниту една жалба.
По 30 дена, со поднесување на понудата до Катар од страна на САД, ќе започнат преговорите за продажба.