Mücahit Aydemir
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
ТРИПОЛИ
Турскиот брод под знамето на Јамајка, кој во Либија пренесуваше лекови и кој на 5 декември беше пресретнат од силите на Калифа Хафтар, поради наводно непочитување на упатствата, е ослободен, потврдено е за Агенција Анадолија (AA).
Според информациите кои новинарот на АА ги доби од локални официјални претставници, ослободен е турскиот комерцијален товарен брод по име „Маброка“, под знамето на Јамајка, кој силите на Хафтар го задржаа со вкупно 17 члена на екипажот, меѓу кои и деветмина Турци, за наводно непочитување на упатствата.
Станува збор за брод кој превезувал лекови до либиското пристаниште Мисрата, а изворите наведуваат дека бродот заедно со екипажот го продолжил патот кон своето крајно одредиште.
Ахмед ал Мисмари, портпарол на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили од Источна Либија, на 8 декември преку социјалните мрежи рече дека бродот „влегол во забранетата зона и не одговарал на повиците“, како и дека е повлечен во пристаништето Рас ал Хилал на истокот на земјата поради истрага „за кршење на поморските правила и закони“.