Ekipa
31 Мај 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
ИДЛИБ (АА) - Сириската опозиција, кој го има под контрола центарот на градот Идлиб, благодарение на проектот „Идлибска Пролет“ ги брише трагите на војната, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалното собрание на Идлиб и невладината организација „Темјанушка“ преку проектот наречен „Идлибска пролет“ работат на тоа да го вратат стариот изглед на центарот на градот од пред војната.
Заврши реставрацијата на саат-кулата што се наоѓа на градскиот плоштад.
„Моментално сме на плоштадот во Идлиб. Ова место има посебно значење за жителите на Идлиб. Главната цел на проектот, покрај обезбедување можност за работа за жителите на Идлиб, е и реновирање на квартовите уништени од војната, јавните згради, тротоарите, парковите и водоводот“, истакна во изјава за АА Ихсан Хабуш, одговорно лице во оваа организација, информирајќи дека проектот се состои од две фази.
„Во првата фаза, на 600 лица ќе им се обезбеди можност за ангажирање во работите во центарт на градот. Во втората фаза, ваква можност ќе им се даде на 1.500 лица. Поектот не е само централен, туку ќе ги вклучи и областите Маарет eн-Нуман, Џебел eл Завије, како и областите Џераблус и Маре во Алепо“, истакна Хабуш.
„Фала му на Бога, сега животот е подобар, побезбеден. Саат-кулата беше во многу лоша состојба. Со нејзината реставрација се врати животот и виталноста. Им благодарам на сите кои дадоа свој придонес во овој проект. Се надевам дека со упорноста на поддржувачите и спонзорите ќе направат и подобри проекти“, истакна Сухејб Закор, жител на Идлиб.
Од друга страна, Омер Eл Хумси, друг жител на градот, потсети дека режимот извесно време го бомбардираше градот. „Фала му на Бога, престана бомбардирањето, а тоа се одрази на животот и на пазарот. Реставриран е симболот на Идлиб, саат-кулата. Ако заврши бомбардирањето, ќе ја реконструираме целата земја без да ни треба помош од другите“.
Силите на Асадовиот режим веќе еден месец немаат извршено воздушен напад врз Идлиб, кој од почетокот на граѓанската војна беше најчеста цел на режимот.