Muhammed Boztepe
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка" во сирискиот пограничен регион Африн неутрализираа вкупно 3.213 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турција соопшти дека продолжува операцијата против терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека во операцијата Маслинова гранка се неутрализирани вкупно 3.213 терористи.
Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната војска на Сирија, првично, во подрачјето на месноста Булбул, северозападно од Африн, од терористите ги ослободија селата Корта, Каса и Баба Ушаги, а подоцна ги ослободија и селата Кафар Рум, Курт Кулак, Зелака и Кифар Зеит.
Од почетокот на операцијата досега, од окупацијата на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободени се 171 подрачја, од кои 5 града, 135 села и 31 критична стратешка точка.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.