Kasım İleri
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Во петокот во Вашингтон, заврши првиот состанок на техничките комитети на Турција и САД кои имаа задача да придонесат за нормализација на односите меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот кој започна во четвртокот, се разговараше за случувањата во Сирија, првенствено по прашањето за борбата против тероризмот.
Од дипломатски извори се дознава дека средбата на техничките комитети на Турција и САД изминал многу позитивно, во конструктивна и пријатна атмосфера, додавајќи дека делегациите на двете земји транспарентно ги изнеле своите ставови.
Истите извори тврдат дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе се состанат во наредните недели.
Дваесетчлената делегацијата на САД беше предводена од Вес Митчел, помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, додека делегацијата на Турција ја предводеше Седат Онал, заменик секретар на турското МНР.
За време на посетата на Анкара на државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, на 15 и 16 февруари, формирани се три комитети со цел нормализација на билатералните односи. Планирано е формираните комитети да разговараат за три клучни прашања: Сирија, Ирак и ФЕТО.
Претходно е нагласено дека цел на состаноците е обид за изнаоѓање на решение за проблемите во односите меѓу Турција и САД. Уште не е познато кога ќе бидат одржани состаноците на останатите два комитети.