Beyza Binnur Dönmez
31 Октомври 2023•Ажурирај: 31 Октомври 2023
ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролката на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН), Елизабет Тросел, денес изјави дека гаѓањето на болниците „претставува кршење на меѓународното хуманитарно право“, јавува Анадолу.
Тросен го одговори тоа на прашањето на новинарот на Анадолу во Женева, дали ОН ќе го признаат гаѓањето на болниците како воено злосторство.
Одговарајќи на прашањето за тврдењата дека Хамас ги користи болниците како жив штит, таа рече дека „медицинските установи мора да бидат заштитени“ без оглед на дејствијата на палестинската група.
Претставникот на Светската здравствена организација, Кристијан Линдмајер, изјави: „Здравствените установи никогаш не треба да бидат цел.“
Во израелските воздушни напади на Газа од 7 октомври повеќе пати беа погодени болниците, џамиите и црквите. Според Женевската конвенција, нападите на болниците се строго забранети.
Израелски воени авиони ја погодија болницата за турско-палестинско пријателство во Појасот Газа, предизвикувајќи сериозна штета на овој објект.