Muhammet Tarhan
16 Септември 2025•Ажурирај: 17 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција објави дека започнувањето на копнената операција на Израел во Газа е нова фаза во геноцидните планови на Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, известува Анадолу.
Министерството издаде писмено соопштение во врска со започнувањето на копнена операција на Израел во Газа.
Во соопштението се вели:
„Почнувањето на копнена операција на Израел во Газа е нова фаза во геноцидните планови на Владата на Нетанјаху.“
Се нагласува дека копнената операција насочена кон Газа, едно од ретките места каде што жителите на Газа можеле да се засолнат како резултат на израелските напади и каде што живеат повеќе од еден милион Палестинци, дополнително ќе ги зголеми тековните масакри, ќе доведе до раселување на стотици илјади Палестинци и ќе ги продлабочи страдањата на Палестинците, давајќи ја и следнава процена:
„Копнената операција, започната во време кога меѓународната заедница ги продолжува своите напори за постигнување договор за прекин на огнот што, исто така, ќе обезбеди размена на заложници и затвореници и непречен пристап до хуманитарна помош, уште еднаш покажа дека Израел не сака прекин на огнот.“
Во соопштението се нагласува дека од суштинско значење е меѓународната заедница, особено Советот за безбедност на Обединетите нации, да ги исполни своите одговорности за постигнување прекин на огнот во Газа, при што е споделен и ставот:
- Израелската армија објави дека започнала копнени напади врз Газа
Израелската армија објави дека синоќа започнала копнени напади со цел окупирање на градот Газа, кој се наоѓа на северниот дел на Појасот Газа.
Се наведува дека две дивизии моментно учествуваат во копнените напади, а трета ќе се придружи наредните денови.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, на рочиштето за судење за корупција објави дека започнале интензивни напади врз градот Газа.