Adam Abu Bashal
08 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
АБУЏА (АА) – Обединетите нации (ООН) објавија дека терористичката организација Боко Харам вооружила најмалку 8 илјади деца и ги искористила како „деца војници“ во басенот на езерото Чад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Силвестер Тунде Атере, одговорниот за проекти во Нигерија во Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), во писмената изјава истакна дека организацијата Боко Харам од 2009 година навака вооружила 8.000 деца.
Атери, исто така, нагласи дека некои девојки биле малтретирани и принудени да стапат во брак.
Истакнувајќи дека психологијата на децата кои биле принудени да влезат во конфликти е нарушена, Атере рече дека таа ситуација ќе има трајно влијание врз текот на нивниот живот.
„Денес е многу тешко повторно да се рехабилитираат и да се интегрираат овие деца“, нагласи Атере.
- Повеќе од 20.000 луѓе загинаа во актите на насилство
При акциите на масовно насилство на терористичката организација Боко Харам убиени се повеќе од 20.000 луѓе. Оваа организација во Нигерија делува од почетокот на 2000-тите, додека нејзините активности во Камерун, Чад и Нигер се од 2015 година.
Во 2015 година, земјите од басенот на езерото Чад ја формираа Мултинационалната заедничка работна група за борба против терористичката организација.