Ekipa
08 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
РИМ (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на денешната миса, молејќи се за мигрантите, нагласи дека тие се луѓе, а не само општествен проблем, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тие се луѓе. Не се само општествен или миграциски проблем. Тие се симбол на сите кои денес се исфрлени од глобалното општество“, рече папата.
На денешната мисија во базиликата „Свети Петар“ во Рим беше одбележана шестата година од посетата на папата на италијанскиот остров Лампедуса, на 8 јули 2013 година.
Папата тогаш беше само четири месеци на чело на Римокатоличката црква и тоа беше неговата прва пастирска посета надвор од Рим.
Островот што се наоѓа помеѓу Сицилија и северно од африканскиот континент, со години е главното пристаниште на бегалците и мигрантите кои патуваат преку Средоземното Море.