Onur Usta
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека во случај Париз да го добие правото да биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година можат да ја осигураат безбедноста во текот на игрите, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Оланд денес се состана претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОЦ) Томас Бах.
Презентирајќи го знамето на Олипмиските игри во Париз во 1924 година, францускиот претстедател изјави:
„Безбедноста на Олимписките игри во Рио 2016 беше едно од прашањата кое што ни се поставуваше. Можеме да ја имаме безбедноста на атлетичарите. Нашиот најважен приоритет е да бидат безбедни спортистите кои што доаѓат од сите страни на светот.“
Потсетувајќи дека Франција без никакви проблеми го организираше ЕУРО 2016 Холанд рече, „Не знам каков ќе биде светот во 2024 година, но и тогаш ќе биде опасно. Ниту една земја и ниту еден главен град не може да мисли дека целосно може да се заштити од ова.“
Од друга страна, претседателот на ИОЦ рече дека му оставила впечаток презентацијата на Париз за Олимписките игри.