Ekip
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
БАКУ (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Францис, допатува во официјална посета на Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата Францис на аеродромот во Баку беше дочекан од заменик премиерот на Азербејџан, Јакуп Ејубов, а во текот на денот поглаварот на Римокатоличката црква ќе се состане со државниот и верски врв на таа земја.
Да потсетиме дека пред посетата на папата во Азербејџан, претходеше негова посета во соседна Грузија, каде исто така со државните и светски лидери разговараше за актуелните прашања и прати порака на мир и толеранција.
Со посетите на претежно православната Грузија и претежно муслиманскиот Азербејџан, папата Францис инситира на пораките за мир, верска толеранција и соработка во општите интереси на луѓето.