Ömer Faruk Yıldız
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - По терористичкиот напад што беше изведен врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч, владите на Малезија и Нов Зеланд донесоа одлука да делуваат заедно во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес во дводневна посета на Малезија пристигна заменик-премиерот на Нов Зеланд, Винстон Петерс, кој во Куала Лумпур се сретна со својата малезиска колешка, Ван Азиза Ван Исмаил.
По средбата е одржана прес-конференција, на која се обрати Ван Азиза, изразувајќи му на Петерс сочувство во име на малезиската Влада за 50-те лица кои ги загубија своите животи во нападите во Крајстчрч на 15 март. „Се согласивме да ги зајакнеме нашите билатерални односи во борбата против тероризмот“, истакна Ван Азиза.
Заменик-премиерот на Нов Зеланд, Петерс, во текот на денот ќе се состане со министерот за надворешни работи на Малезија, Сејфедин Абдулах и лидерот на Народната партија за правда, Енвер Ибрахим.