Servet Günerigök
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп наредната недела во Белата куќа ќе се состане со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од Белата куќа се вели дека состанокот е закажан за 2 април.
„Во чест на 70. годишнината на НАТО, американскиот претседател и генералниот секретар на НАТО ќе ја нагласат важноста на Алијансата како бедем за меѓународниот мир и безбедност“, се вели во соопшението.
Двајцата лидери ќе дискутираат за успесите на НАТО, вклучувајќи ги неодамнешните зголемени заложби за поделба на товарот меѓу европските сојузници и начините за справување со тековните предизвици со кои се соочува Алијансата.
„Трамп и Столтенберг ќе се имаат состанок зад затворени врати, по што ќе следи билатерален состанок во поширок состав", се вели во соопштението.
На почетокот на март, претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Мич Меконел, го поканија Столтенберг да се обрати на заедничката сесија на Конгресот ден пред годишнината на Алијансата на 4 април.