Mohammad Farid Mahmoud Abdullah,Hacer Başer
29 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
КАИРО (АА) – Потсекретарот на претседателот на Египет, Ихаб Мемиш, соопшти дека успеале напорите за извлекување на бродот заглавен на Суецкиот Канал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мемиш во изјавата дадена за државната телевизија рече дека бродот бил ослободен и дека запловил.
И во локалните медиуми во земјата беше наведено дека бродот се вратил во нормалниот тек, ги разработил моторите и започнал да се движи.
На 24 март, во Суецкиот Канал, еден од најважните водни патишта во светот, гигантскиот контејнерски брод се насука поради намалувањето на видливоста, песочната бура и лошите временски услови.
Како резултат на заглавувањето на бродот „Евер гивен“ во Суецкиот Канал се формираа долги редици бродови и имаше нарушувања во пратките од сурова нафта и ЛНГ поради прекинот на морскиот сообраќај.
Јапонската компанија, сопственик на бродот, во изјавата дадена на 26 март соопшти дека се соочуваат со потешкотии во обидите за овозможување на бродот да заплови повторно.