Dmitri Chirciu
28 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
ЕРЕВАН (АА) - Ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, најави дека во април ќе поднесе оставка заради одржувањето предвремени парламентарни избори во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
За време на посетата на ерменскиот регион Армавир, Пашинијан говореше за предвремените парламентарни избори во Ерменија, што ќе се одржат на 20 јуни, и најави оставка.
„Ќе поднесам оставка во април. Но, ќе го сторам тоа не за да ја напуштам власта, туку за да одржам предвремени избори“, рече Пашинијан.
Незадоволни од неговото минатогодишно потпишување на договорот со Азербејџан за повлекување од окупираните региони на Нагорно Карабах, началникот на Генералштабот, Оник Гаспаријан, и други генерали на ерменската Војска кон крајот на февруари оваа година потпишаа меморандум со кој се бара оставка на Пашинијан.
Пашинијан го оцени тоа како уцена и обид за воен удар и донесе одлука за разрешување на началникот на Генералштабот, Гаспаријан, но таа одлука не ја ратификува ерменскиот претседател Армен Саркисијан.