Aida Cako
09 Октомври 2025•Ажурирај: 10 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Ограничен број камиони со хуманитарна помош од Египет влегоа во Газа преку граничниот премин Рафа поради наметнатите ограничувања од страна на Израел во испораките на помош, јавува Анадолу.
Камионите тргнаа од Египет и преминаа преку преминот Рафа, откако беа задржани на преминот Керем Абу Салем (Керем Шалом) на израелската страна поради безбедносни инспекции.
Ова се случи по прифаќање на планот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа, првично објавен на 29 септември. Планот вклучува ослободување на сите израелски заробеници во замена за палестински затвореници, прекин на огнот, разоружување на Хамас и обнова на Газа.
Од октомври 2023 година во израелските напади врз Газа убиени се речиси 67.200 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Немилосрдното бомбардирање ја остави Газа во голема мера несоодветна за живот, доведе до глад и ширење на болести.