свет

Шефицата на Европската комисија „преживеа“ двојно гласање за недоверба во Европскиот парламент

За време на пленарната седница во Стразбур ниеден предлог не го достигна потребното двотретинско мнозинство за усвојување ниту минималните 361 глас „за“

Melike Pala  | 09.10.2025 - Обновена : 10.10.2025
Шефицата на Европската комисија „преживеа“ двојно гласање за недоверба во Европскиот парламент

БРИСЕЛ (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, „преживеа“ ретко двојно гласање за недоверба во Европскиот парламент денес надминувајќи ги предизвиците од пратениците од крајната десница и крајната левица кои имаа цел да ја тргнат од функцијата, јавува Анадолу.

За време на пленарната седница во Стразбур ниеден предлог не го достигна потребното двотретинско мнозинство за усвојување ниту минималните 361 глас „за“.

Предлогот на крајната десница имаше 378 гласа „против“ од пратениците, 179 „за“ и 37 „воздржани“. Предлогот на крајната левица имаше 383 гласа „против“, 133 „за“ и 78 „воздржани“.

Предлозите, поднесени минатиот месец од крајно десничарската група Патриоти за Европа и левичарската група Левица, беа прв случај кога во Парламентот беа поднесени две барања за недоверба истовремено.

Лидерот на Патриоти за Европа, Жордан Бардела, ги критикуваше трговските договори на Фон дер Лајен со САД и Меркосур, а копретседавачка на Левица во Европскиот парламент, Манон Обри, ја обвини комисијата за неактивност во врска со постапките на Израел во Газа.

Центристичките и умерените европратеници се собраа да ја поддржат Фон дер Лајен во текот на пленарната дебата во понеделникот, предупредувајќи дека нејзиното менување во оваа фаза би можело дополнително да ја дестабилизира Европската Унија.

Ова е втора одбрана на Фон дер Лајен од предлогот за недоверба оваа година. Во јули обидот на крајната десница не успеа со 175 гласа „за“, 360 „против“ и 18 „воздржани“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.