Şerife Çetin
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека Турција е важен сосед на ЕУ и дека преговорите за пристап меѓу Турција и ЕУ треба да бидат продолжени, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер во интервју за порталот „Politico“ (Политико) зборуваше за надворешната политика на ЕУ.
„Не сум заговорник на завршување на преговорите за пристап со Турција, што е барање на Европскиот парламент”, изјави Јункер, кој потсети дека Турција е важен сосед на ЕУ и дека таа земја треба да остане на рутата кон членството во ЕУ.
Тој се осврна и на излезот на Велика Британија од ЕУ. Јункер смета дека станува збор за комплициран процес со многу проблеми.
Тој додаде дека и на американскиот претседател Доналд Трамп му објаснил дека треба да престане да ги повикува и другите членки да ја напуштат ЕУ.
„Подобро сме организирани од администрацијата на Трамп. Ако постои некој внатрешен проблем, го решаваме со директен разговор наместо со отпуштање на луѓе”, изјави Јункер.