Ekipa
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
ПЕКИНГ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес во Пекинг најави продолжение на соработката со Кина во многу области, првенствено во сферата на безбедноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој за време на официјалната посета на Кина, во Пекинг се состана со кинескиот колега Ванг Ји, со кој разговараше за билатералните односи и регионалните и глобални прашања.
Чавушоглу кој говореше за туризмот, енергијата, комуникациите, но и за меѓународните организации изјави дека Турција е една од земјите кои пружаат најголма подршка на политиката на единствена Кина.
„Безбедноста на Кина ја гледаме како сопствена безбедност. Дали во нашата земја или во регионот, не допуштаме никаква негативна активност кон Кина”, изјави Чавушоглу.
Турскиот министер изјави дека турско-кинеската соработка на подрачјето на безбедоста е сѐ поголема и дека ќе продолжи.
„Одлучни сме кога станува збор за зголемување на обемот на нашата трговија. Работиме и на поголема разновидност на производите. Сѐ поголем е извозот, првенствено на земјоделските производи од Турција и од Кина”, изјави Чавушоглу.
Зборувајќи за заедничките мегапроекти, Чавушоглу изјави дека Кина и Туција заедно ќе работат на проектот „Еден појас-еден пат“, чија цел е оживување на историскиот Пат на свилата.
Чавушоглу додаде дека заедно со Кина сакаат да изградат и пруга за брз воз на релација Едерне-Карс, во Турција, како и трета нуклеарна централа во таа земја.
Турскиот министер изјави дека е зголемена соработката во областа на образованието и културата, а зголемување се очекува и во секторот на туризмот.
„Се надеваме дека ќе се зголеми бројот на кинески туристи во Турција. Од стотици милиони туристи кои секоја година патуваат во странство, очекуваме доаѓање на три милиони од нив во Турција”, додаде Чавушоглу.
Зборувајќи за соработката во секторот на образование, Чавушоглу изјави дека во тек се активностите за основање на заеднички универзитет.
Министерот за надворешни работи на Турција, Чавушогу, изјави дека ставовите на Турција и Кина се слични кога станува збор и за одредени регионални прашања.
Зборувајќи за ставот на Турција кон Шангајската организација за соработка (SCO), Чавушоглу изјави дека Турција бара блиска соработка со регионалните и меѓународните организации вклучувајќи ги и ОН и Сојузот на држави на Југоисточна Азија (ASEAN).
„(Шангајската организација за соработка) Турција бара блиска соработка со регионалните и меѓународните организации. Меѓународните организации не се алтернатива една за друга, туку се надополнуваат”, смета Чавушоглу.
- Ванг: Мирот на Блискиот Исток не е возможен без решавање на палестинското прашање -
Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, по состанокот со турскиот министер Чавушоглу, укажа на значењето на Турција кога е во прашање решавањето на некои меѓународни проблеми, и порача дека е потребна заедничка поддршка на двете земји по прашањето на одредени чувствителни теми.
Тој повика на зголемување на заедничката деловна соработка во рамките на проектот „Централен коридор” и „Еден појас-еден пар”, кој има за цел повторно оживување на „Патот на свилата”.