Oktaj Omeragikj
09 Октомври 2025•Ажурирај: 10 Октомври 2025
ЕРУСАЛИМ (АА) - Трет ден продолжува упадот на радикалните еврејски доселеници во џамијата Ал-Акса во Стариот град на окупираниот Источен Ерусалим, а изговор за тоа е празникот Сукот, известува Анадолу.
Под силно обезбедување на израелската полиција, илјадници доселеници се упатија кон Западниот ѕид, влегоа во светата џамија и со своите семејства во дворот ги извршија ритуалите, молејќи се заедно и рецитирајќи празнични верски песни.
Овие упади во џамијата Ал-Акса, во придружба на израелската полиција, еднострано продолжуваат од 2003 година. Палестинското Министерство за вакафи и верски прашања објави дека минатиот месец радикалните Евреи 26 пати упаднале во џамијата Ал-Акса.