Eshat Fırat
14 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција во утринските часови, под образложените дека извршиле оружен напад во близина на џамијата Ал-Акса, следеше тројца Палестинци кои бегајќи влегле во џамијата Ал-Акса, каде што се убиени од страна на полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската полиција, во подрачјето на Лавовската порта на џамијата Ал-Акса во Ерусалим, тројца Палестинци пукале во израелската полиција, по што избегале во џамијата Ал-Акса, каде што се убиени од страна на израелската војска. Во соопштението се наведува дека две лица се потешко повредени во операцијата што е спроведена во џамијата Ал-Акса.
По операцијата, кај убиените Палестинци се пронајдени две парчиња полуавтоматско оружје и еден пиштол.
За првпат од 1969 година во џамијата Ал-Акса е забранета петочната молитва
Портите на Ал-Акса се затворени и според соопштението што го издаде подрачната полиција на Ерусалим, денес нема да се дозволи одржување на петочната молитва во оваа џамија. Израелската Црвена давидова ѕвезда соопшти дека во нападот се ранети тројца Израелци, од кои двајца потешко.
Не беа дадени информации за идентитетот на повредените лица кои се под лекарски третман.