Mücahit Türetken
13 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - МУЏАХИТ ТУРЕТКЕН - Поранешниот министер за европски прашања на Португалија, Бруно Мачаес, истакна дека земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) не се сериозни околу прашањето за ФЕТО, и оти покрај тоа што конечно се знае дека зад обидот за државен удар на 15. јули стои ФЕТО, тие не прават ништо, јавува Anadolu Agency (AA).
Мачаес, кој престојува во Истанбул за „Меѓународниот симпозиум 15. јули“, организиран од страна на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА), во разговор за АА даде видувања околу прашањето за ФЕТО и за пристапот на европските земји кон државниот удар.
Тој истакна дека во заднината на обидот за државен удар на 15. јули стои една меѓународна потрага по власт. „Ѓуленистите многу добро знаеја дека доколку таа ноќ не преземеа акција, целосно ќе ја изгубеа можноста“, вели тој.
Поранешниот португалски министер тврди дека тоа што повеќе земји на ЕУ не дале јасна и цврста изјава веднаш по обидот за државен удар, има врска со власта во Турција.
„Министрите за надворешни работи на Литванија и Латвија, еден час по обидот за државен удар излегоа со јасна порака и кажаа дека се со Турција, и оти хунтата е погрешна. Земјите на Европската Унија не покажаа голема реакција стравувајќи да не изгледаат премногу блиски со власта на АК Партија ако зборуваат веднаш по државниот удар. Јас не сум експерт за оваа тема, но јасно е дека европските земји не се сериозни околу прашањето за ФЕТО. Покрај тоа што јасно конечно се знае дека зад обидот за државен удар на 15 јули стои ФЕТО, тие не прават ништо“, вели Мачаес, истакнувајќи дека контрадикторно е тоа што го кажуваат европските земји и тоа што го прават.
Мачаес даде коментар и за процесот на членство на Турција во ЕУ и вели дека некои земји не сакаат Турција да влезе во ЕУ.
Тој истакна дека Турција и турскиот народ треба да знаат дека ЕУ е заедница која има многу мислења, а не единствено мислење.
„Затоа, по доживеаните процеси, дури и сега силите што ја поддржуваат Турција со страв и срамежливост не можат да ја изразат својата поддршка“ додаде тој.